Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: организирале борби со кучиња полицијата уапси 9 лица, со “југо“ излетал од патот

На 01.11.2025 во 23:00 часот во село Црноец, битолско, полициски службеници од СВР Битола лиши од слобода четити лица на возраст од 49, 43, 48 и 53 години од Косово,  четири лица од Битоа на возраст од 51, 41, 43 и 43 години, како и лице на возраст од 59 години од Штип. Тие се затекнати во дворното место на едно лице во селото, каде што организирале нелегални борби со кучиња. Притоа, пронајдено е едно повредено куче и предмети кои потекнуваат од кривичното дело. По целосно расчистување и документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 233 од Кривичниот законик – „мачење животни“.

На 01.11.2025 во 19:53 часот во СВР Битола е пријавено дека на локален пат за с. Егри, битолско, патничко возило „југо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 30 годишник од село Мусинци, општина Могила, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник на возраст од 30 години од Битола, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »