Во организација на Сојузот на училишен спорт Битола во стрелиштето на градскиот стрелачкиот клуб Пелистер се одржа општински натпревар по спортско стрелаштво со воздушна пушка 4,5 м.м. калибар, а натпреварот беше организиран по повод 4. Ноември – Денот на ослободувањето на Битола.
На натпреварот учество зедоа ученици вкупни 55 основци и средношколци од основните и средните училишта во Битола.
Во женска конкуренција, кај основните училишта прва е Сара Саздовска од ОУ “Коле Канински“ со 57 круга, второпласирана е Надја Атанасовска од ОУ “Св. Климент Охридски“, а на трето место е Сара Бојковска од ОУ “Тодор Ангелевски“ од Битола.
Во машка конкуренција кај основците победник е Димитат Каровски од ОУ “Тодор Ангелевски“ со 75 круга, второпласиран е Никола Кукановски од ОУ “Елпида Караманди“, а на трето место е Дамјан Кулевски од ОУ “Коле Канински“.
Кај средношколците во женска конкуренција победничка е Теодора Христова од “Таки Даскало“ со 7у круга, втора е Антонија Гајтановска од медицинското училиште “Д-р Јован Калаузи“, а на трето место е Лела Стојановска од истото училиште.
Во машка конкуренција кај средношколците победник е Вања Арсиќ од гимназијата “Јосип Броз Тито“, на второ место е Михаил Русевски од техничкото “Ѓорги Наумов“, а на трето место Андреј Вељановски од економското “Јане Сандански“.
Претседателот на Сојузот за училишен спорт од Битола, Михајло Трампевски за ова натпреварување рече.
-Ова е традиционален натпревар во стрелаштво кој се организира согласно календарот за натпревари за училишен спорт. Имавме голем број на пријавени натпреваривачи, сите добро стрелаа и резултатите се одлични. Сите победници ќе настапат на Државното првенство кое ќе се одржи на 1 декември во Скопје, од каде очекуваме добри резултати.
Во организацијата на натпреварот беа вклучени наставниците и професорите, како и тренерите и судиите од ГСК Пелистер -Битола.

Се одржа општинскиот натпревар на Битола во стрелаштво со воздушна пушка за ученици , најдобрите се пласираа за државно
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ален и Адриан Рустемовски и тренерот Петровски на прием кај министерот за спорт
- Новоименуваната амбасадорка на Кина во посета на Општина Битола
- СВР Битола: тешко повредена девојка на електричен тротинет, уапсени двајца за марихуана
- Координативен состанок на Зимската служба на Општина Битола
- Избрани проректори, се комплетира тимот на раководството на УКЛО Битола
More from СпортMore posts in Спорт »
- Ален и Адриан Рустемовски и тренерот Петровски на прием кај министерот за спорт
- Стајиќ: ако одиграме како во Битола можеме да ја победиме Приеводза
- Гарабаја: ќе се обидеме да им ги поматиме сметките на ПИК Сегед
- Пораз на одбојкарките во Скопје од Работнички
- Утре Еурофарм Пелистер ги продолжува европските натпревари, голманот Хаидарирад оптимист









