Денес Ректорската управа на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на предлог на ректорот проф. д-р Игор Неделковски, со тајно гласање донесе Одлука за избор на четири проректори.
Новоизбрани проректори на УКЛО се:
-проф. д-р Цветко Андреески – проректор за настава
проф. д-р Светлана Николоска – проректор за студентски работи
проф. д-р Јове Димитрија Талевски – проректор за финансии и развој и
проф. д-р Горан Илиќ – проректор за наука.
На истата седница донесена е Одлука за именување на проф. д-р Јасмина Буневска–Талевска за директор на КРЕДО центарот и институционален Еразмус координатор на УКЛО.
Проширувањето на ректорскиот тим е во насока на непречено реализирање на бројните и засилени активности на Универзитетот во наредните години, како и исполнување на Програмата од вториот мандат на ректорот Неделковски и овозможување поефикасна реализација на планираните проекти и универзитетски иницијативи.
Тимот предводен од ректорот проф. д-р Игор Неделковски ќе се докомплетира со претстојниот избор на претседател на Универзитетскиот сенат на 28 ноември 2025 г.






