Новоименуваната амбасадорка на Народна Република Кина во Република Македонија, нејзината екселенција Џијанг Сјаојан оствари прва работна посета на општина Битола, по нејзиното назначување како претставник на кинеската влада во Македонија. На средбата со градоначалникот Тони Коњановски, таа изрази задоволство од првата посета на Битола и посочи дека е воодушевена од нејзината архитектура.
Градоначалникот Коњановски ја истакна богатата културна и историска традиција на Битола, а амбасадорката посочи дека е многу значајно за една земја да го чува своето минато и традиција.






