Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: тешко повредена девојка на електричен тротинет, уапсени двајца за марихуана

На 11.11.2025 во 14:01 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул. „4 Ноември“, ул. „Влатко Миленковски“ и ул. „Димитар Илиевски-Мурато“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 20 годишник од Битола и електричен тротинет „шаоми“, управуван од 20-годишна девојка од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Р., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.

На 11.11.2025 во 16:00 часот во Градски парк во Битола, полициски службеници од  СВР Битола ги лишија од слобода 22 годишник од с.Тремник, неготинско и 18 годишник од Неготино затоа што при преглед кај нив, кај едното лице е пронајдена марихуана. По документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок.