Press "Enter" to skip to content

Голот за водство недоволен за бодови за Македонија, Шведска со сигурна победа (фото)

Македонија – Шведска 1:4 (1:2)

Вечерва во Битола на стадионот “Петар Милошевски“ македонската репрезентација до 21 година го впиша и четвртиот пораз во квалификациите за Европското првенство загуби од селекцијата на Шведска со убедливи 1:4, полувреме 1:2. Македонските надежи во Битола започнаа одлично, поведоа со 1:0 по одличната комбинација на Хамза и Елези, но потоа буквално се одеше на рака на Швеѓаните. По половина час, следуваа неколку минути во корист на Шведска ко9 во тој краток период го решија натпреварот. Видовме два гола на Ричи Оморова, кој погоди за гол во 32. и 33. минута, а полувремето заврши со гол предност за Шведска.Македонија започна добро во вториот дел, но за жал гол за 1:3 падна на спротивната страна. Момоду Сонко во 60. минута ги реши сите дилеми околу победникот на овој меч. Шведска до крајот на натпреварот умешно ја контролираше играта и на крајот постави конечни 1:4 со голот на Амин Будри во 79. минута.Нашата млада репрезентација останува претпоследна во групата “Е“ со само три бода, а во следното коло ќе се соочиме со лидерот во оваа конкуренција, селекцијата на Полска.

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »