Еурофарм Пелистер – ПИК Сегед 25:24 (11:8)
Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер вечерва во Битола во салата “Боро Чурлевски“, пред полни трибини и огромна поддршка од навибачите, во “мечот на неделата“ според ЕХФ го победи ПИК Сегед од Унгарија. Победата дојде по голема борба и во неизвесен финиш заврши добро за домашните, кои победија со гол разлика 25:24, а оба е втора победа во Лигата на Шампиони.
Еурофарм Пелистер одлично ги отвори натпреварот и направи предност од 5:0 со ПИК Сегед, кои не постигнаа гол скоро десет минути, а посебно поради одличните одбрани на голманите Митревски и Хаидаридад. ПИК Сегед го и бркаше резултат, а гостинот од Унгарија се врати во мечот откако домашниот тим промаши напад за плус од шест гола. Од 23. минута, нападот Еурофарм Пелистер лошо реагираше во нападот, а ПИК Сегед до полувремето дојде на 11:8
Само што почна второто полувреме Унгарците намалија 11:9, а потоа Еурофарм Пелистер пак дојде до оние „+ 3“ за водство 12:9. Но, ПИК Сегед ја анулираше предноста и за прв пат на натпреварот имаше 12:12. Во продолжението од дуелот во салата „Боро Чурлевски“, гледавме вистинска драма.
Потоа ПИК Сегед поведе со 13:14 за првпат, двата тима си го предаваа водството, а главен фактор во македонскиот тим беше пивотот Пешевски преку кого почна да се игра и врза три гола во низа. И од 20:20, следеа две одбрани на Никола Митревски, а Еурофарм Пелистер по долго време пак имаше „плус два“ (22:20).
Со два врзани гола Сегед израмни на 22:22, на пет минути до крајот во Битола. Беше и 22:23, па Пешевски реализира за 24: 24 на минута и пол пред крајот. Сехег имаше напад Годфридсон на минута пред крајот направи пробивање, а на спротивната страна, Кузмановски изнуди пенал кој го реализира Богдан Радивојевиќ, доволно за голема победа.
Жарко Пешевски имаше фантастичен меч со седум постигнати гола, пред Филип Кузмановски со четири гола.
Дамијана Ристевска – Сашо Ристевски











