Амбасадорката на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер и амбасадорот на Република Франција, Кристоф Ле Риголер во заокружија престојот во Битола, со посета на општината, каде што остварија средба со градоначалникот Тони Коњановски.
На средбата, беа разменети искуствата од реализацијата на тековните проекти, кои што општина Битола ги реализира со поддршка од двете земји, како и можностите за продлабичување на взаемната соработка.
На Француските воени гробишта во Битола денес се одржа комеморативна церемонија по повод одбележувањето на примирјето од 11 ноември 1918 година и „Денот на народната жалост“. Настанот, организиран од амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција, беше посветен на споменот на сите загинати, повредени, исчезнати и прогонети во воените конфликти, без разлика на нивната национална припадност.
По тој повод, цвеќе положија амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, претседателот на Советот на општина Битола Бојан Бојкоски, како и претставници на институции и други делегации.
Меморијалниот простор на Француските воени гробишта претставува траен споменик на војниците кои го положиле својот живот и потсетник на значајната улога на Македонскиот фронт во поширокиот европски историски контекст.Овој комплекс нè охрабрува да го негуваме сеќавањето и да ги вреднуваме поуките од минатото, со стремеж кон создавање иднина заснована на меѓусебно почитување, солидарност и пријателство.

Амбасадорите на Германија и Франција во посета на Општина Битола и на комеморација на Француските гробишта
More from ВестиMore posts in Вести »
- УКЛО втора година по ред објавува Конкурс за наградување на извонредноста на студентите
- Започна изградбата на училишната спортска сала во ОУ “Стив Наумов“ – Битола
- АЛТА банка ја претставува новата апликација ALTA Bank2Go за побезбедни онлајн трансакции
- Во организација на НП “Пелистер“ Битола – 100 жени на Пелистер за 8 Март
- Еурофарм Пелистер вечерва го заверува финалниот “Ф4“ куп турнир





