Press "Enter" to skip to content

Амбасадорите на Германија и Франција во посета на Општина Битола и на комеморација на Француските гробишта

Амбасадорката на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер и амбасадорот на Република Франција, Кристоф Ле Риголер во заокружија престојот во Битола, со посета на општината, каде што остварија средба со градоначалникот Тони Коњановски.На средбата, беа разменети искуствата од реализацијата на тековните проекти, кои што општина Битола ги реализира со поддршка од двете земји, како и можностите за продлабичување на взаемната соработка.На Француските воени гробишта во Битола денес се одржа комеморативна церемонија по повод одбележувањето на примирјето од 11 ноември 1918 година и „Денот на народната жалост“. Настанот, организиран од амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција, беше посветен на споменот на сите загинати, повредени, исчезнати и прогонети во воените конфликти, без разлика на нивната национална припадност.По тој повод, цвеќе положија амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, претседателот на Советот на општина Битола Бојан Бојкоски, како и претставници на институции и други делегации.Меморијалниот простор на Француските воени гробишта претставува траен споменик на војниците кои го положиле својот живот и потсетник на значајната улога на Македонскиот фронт во поширокиот европски историски контекст.Овој комплекс нè охрабрува да го негуваме сеќавањето и да ги вреднуваме поуките од минатото, со стремеж кон создавање иднина заснована на меѓусебно почитување, солидарност и пријателство.