Press "Enter" to skip to content

Дијабет на работа- обука за вработените во Подружница РЕК “Битола“

Во пресрет на 14ти ноември – Светскиот ден на дијабетот, Самостојниот синдикат на работниците од Енергетика, рударство и индустрија на Македонија – ССЕРИ при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, во Подружница РЕК “Битола“ организираа видео презентација, посветена на справување со состојбата предизвикана од дијабетот на работното место.

Според претставниците од Сојузот на дијабетичари на Македонија, кои имаа интерактивна средба со присутните работници, најголемиот број на регистрирани лица со дијабет на подрачјето на Битола, се токму работници во Комбинатот.Во презентацијата д-р Џулијана Михајловска ендокринолог при клиниката “Жан Митрев“ ги опфати основните начела на ова заболување кое е се помасовно застапено не само во земјават туку и во светот, содржеше и конкретни насоки, доколку се случи состојба предизвиканата од дијабет кај лице со дијабет, како да си помогне. Едукацијата е за дијабетичари,  но и за останатите варботени како да препознаат и да му помогнат на колегата, иако го немаат заболувањето.

Со цел информирање во континуитет на засегнатите од оваа проблематика од Здржението беше иницирана соработка преку видео туторијали во денешно време на дигитализација, вработените во РЕК Битола навремено да бидат информирани, едуцирани и надоградени во своите знаења во борбата со дијабетот.

Имено основната борба со ова заболување е правилниот начин на исхрана, физичката активност, свесноста за состојбата и постојано надоградување на сопственото знаење, бидејќи секој организам е различен и поинаку реагира, со други зборови колку подобро се самоспознаеме толку внесот на инсулински единици е помал.

More from ВестиMore posts in Вести »