Оваа година, Гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола одбележува 20 години од воведувањето на француско-македонските двојазични паралелки, a по тој повод се одржа пригодна свеченост која се одржа Свечената сала во Офицерски дом, пред голем број на присутни.
На свеченоста присуствуваа францускиот амбасадор Кристоф ле Риголер, градоналаникот на Битола – Тони Коњановски, ректорот пр0ф. д-р Игор Неделковски, директорката на Гимназијата – Лидоја Споа, почесната конзулка на Франција, бројни претставници од образованието, културата, јавниот и политичкиот живот во градот.
Пред присутните зборуваа францускиот амбасадор Кристоф ле Риголер, кој и врачи признание “LabelFranceEducation“ на директорката Лидија Споа.
Со ова признание училиштето официјално е носител на угледниот бренд, и се доделува на образовни институции ширум светот, кои што демонстрираат висок квалитет во развојот и спроведувањето на франкофонската двојазична настава.
-Гимназијата „Јосип Броз Тито“ Битола сега е носител на престижниот бренд “LabelFranceEducation“, кој се доделува на образовни институции низ светот што постигнале високо ниво во развојот и реализацијата на двојазичната франкофонска настава, рече францускиот амбасадор Кристоф ле Риголер.
За воведувањето на француско-македонските двојазични паралелки кое деновив слави 20 години, зборуваше директорката на Гимназијата – Лидоја Споа, која им врачи благодарници на заслужните кои допринеле за развој на паралелката.
На свечениот настан кој се одржа во Офицерскиот дом во Битола, пред бројните гостите беше презентирано дведецениското искуство, резултати и напредок во интегрирањето на францускиот јазик во образовниот процес и беа доделени благодарници за посебен придонес.
Текст и фото: Сашо Ристевски






