Press "Enter" to skip to content

“Баланс помеѓу работата, учењето и приватниот живот“ – одржан настан во рамки на “Денови на психологија“ во Битола (фотогалерија)

Меѓународниот Славјански универзитет од Битола и Свети Николе и оваа година во рамки на годинешното издание на Денови на психологија 2025 кои се одржуваат во пет градови, пет теми, едно патување низ човечкиот ум најавија организаторите.Денови на психологија“ продолжува да го поддржува развојот на психолошката наука и промовирањето на менталното здравје во заедницата.Настанот се одржа во Офицерски дом Битола пред бројна публика составена од психолози, студенти по психологија и сите оние кои имаат интерес за менталното здравје и современите животни предизвици.Проф. д-р Марина Кузмановска, од МСУ го отвори настанот и истакна колку е важно да се разговара за менталната добросостојба, динамиката на секојдневните обврски и начинот на кој тие влијаат врз личниот развој.Нејзиниот вовед постави силна основа за понатамошните излагања.Модератор на настанот беше Елена Костадиновиќ, која даде јасен увод во темата и ја нагласи потребата од отворен дијалог за предизвиците што ги носи современиот живот. Постигнувањето баланс помеѓу работата, учењето и приватниот живот е предизвик кој речиси сите го чувствуваме – особено кога ритамот на секојдневието е брз, а обврските растат. Таа зборуваше со управување со времето, поставување реални цели и зајакнување на психолошката издржливост.На темата секој од свој аспект допринесоа со излагања Наташа Бекирова, системски и семеен психотерапевт под супервизија, која се осврна на значењето на семејните односи, емоционалната регулација и начините на кои тие влијаат на нашата способност да одржиме здрав баланс.Потоа свое излагање имаше Рената Димановска, лиценциран гешталт – терапевт. Таа зборуваше за важноста од свесност, присутност во моментот и препознавање на сопствените потреби како основа за справување со стресот.Гордана Кирацовска, лиценциран психолог зборуваше и за влијанието на технологијата и претераната изложеност на екрани врз менталното здравје. Таа истакна дека дигиталните уреди, иако корисни, често создаваат замор, намалена концентрација и нарушен сон, особено кај младите. Кирацовска потенцираше дека дигиталниот баланс е исто толку важен како и балансот меѓу работните и приватните обврски. Таа предложи практични стратегии за ограничување на непотребното користење на екрани, како што се: воведување „дигитални паузи“ во текот на денот, ограничување на времето на социјалните мрежи, создавање рутина без екрани пред спиење и развивање навики кои поттикнуваат фокус и психолошка стабилност. Со ова, нејзиното излагање придонесе кон целосното разбирање на современите фактори што влијаат на балансот и менталната добросостојба.Од деловниот сектор, свое искуство сподели Алтина Јусуфи, бизнис партнер во “Rhino Entertainment“, која говореше за предизвиците на современата работна средина, важноста од поддржувачка организациска култура и улогата на компаниите во создавање здрав работен баланс.Настанот го заокружи Никола Митревски, репрезентативец и голман на ракометниот клу б Еурофарм Пелистер – Битола.Во инспиративно излагање, тој зборуваше за дисциплината, менталната подготвеност и фокусот што се неопходни во професионалниот спорт, нагласувајќи дека вистинскиот баланс се гради преку јасни приоритети и посветеност.Во завршниот дел беше отворена дискусија со прашања, каде присутните имаа можност да разменат ставови, да постават лични прашања и да добијат насоки од професионалците. Настанот заврши со доделување на благодарници за сите учесници, како признание за нивниот придонес и ангажман во развивањето на оваа значајна тема.

Настанот е организиран во соработка со Киноверзум, единствениот македонски ланец на кина.

Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »