При изведување на градежни работи на приватен објект на ул. “Климент Охридски“ во Битола од градежна машина била излеана поголема количина моторно масло. По добиената пријава, Општинската инспекција веднаш излезе на терен и ја потврди состојбата.
-Утврден е објектот на изведување на градежните работи, инвеститорот и изведувачот и за ваквиот прекршок ќе биде изречена соодветна казна. Општина Битола ригорозно ќе постапи по овој инцидент! Екипите на ЈП “Нискоградба” веднаш го попесочија коловозот и излеаното масло а ЈП “Паркинзи“ во координација со СВР БИТОЛА ќе постават вертикална сигнализација со цел поголема внимателност при возење на овој дел од коловозот, вели градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.






