Во свечената сала на Културно информативниот центар Битола, Македонско-хрватското друштво и Хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ”, организираат Божикен и предновогодишен концерт, кој овoј центар традиционално го организира секоја година на радост на љубителите на хрватската култура во Битола.
Ова хрватско друштво традиционално Божикниот и Новогодишен концерт го организира секоја година на радост на љубителите на хрватската култура и музика од Битола, а битолчани имаа прилика да проследат концерт на домашниот КУД “Илинден“уленици од Државното средно училиште од Битола и гости од Вуковар.
-Ова е продолжување на традицијата МХД “Марко Марулиќ“ да организира Божикен и новогодишен концерт, рече Бранко Маретиќ, претседател на МХД “Марко Марулиќ“, и додаде:
-Драги пријатели, ценети сограѓани, посебна ми е чест што можам да ве поздравам во име на хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ” од Битола, како и институциите од Битола кои ни помагаат ова да го правиме. Посебен позрдрав до градоначалниците на Ресен, Новаци и Могила. Секоја година нашето здружение “Марко Марулиќ“ Божик го одбележува со гостување на група или ансамбл од Хрватска, па така и оваа година. Културните посети и соработка траат повеќе години, колку што и постои здружението, односно 30 години. Вие сите све сведоци на нашите заеднички проекти со кои се запознаваме со богатата хрватска култура и традиции. Дел од тие проекти беа реализирани во соработка со многу институвии од Битола, а се надевам дека во таа насока ќе продолжиме. Сакам во оваа прилика на сите Хрвати во Битола и секаде каде живеат да им честитам претстојните празници, а секако и на сите битолчани.
Неда Маретиќ во име на хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ” рече дека им е мило што битолчани ја сакаат хрватската култура.
-Хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ” не ја претставува хрватската култура во Битола, туку и македонската во Хрватска, а ги поврзуваме уметниците од двете земји. Заедно пееме хрватски и македонски песни, а тоа е најпрекрасното во нашето дружење, рече Неда Маретиќ.
На програмата се концерт на учениците и професорите на музичкиот оддел на основното училиште Драгутин Тадијановиќ од Вуковар, Хрватска, а специјални гости учениците на Државното музичко училиште Битола. Воедно овие три институции имаат потпишано Меморандум на соработка, па и овој концерт е еден од заедничките проекти и чекори кон заедничка соработка и поврзување преку културата на двата пријателски народи.
Покрај одржувањето на овие концерти, одбележувањето на хрватските празници, Хрватскиот културен центар кој постои повеќе од 30 години, секоја година организира презентирање на македонските уметници и групи во Хрватска.
Концертот се организира со поддршка на општина Битола, Централната канцеларија за Хрватите надвор од Република Хрватска и Културниот и информативен центар Битола.

Божиен и предновогодишен концерт на Хрватскиот културен центар во Битола, гости од Вуковар (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- „Нема, нема“ – нова песна на БОЈАНА СКЕНДЕРОВСКИ, воедно и емотивна најава за големиот саботен КОНЦЕРТ
- Реконструктивни зафати и уредување на училници во ОУ “Елпида Караманди“ во Битола за подобри услови на сите
- ЈП “Паркинзи“ Битола: повторно синџир на “Рузвелтова“
- Во Битола тркалезна маса за меѓууниверзитетска соработка на универзитети – членки на УНИАДРИОН
- Во Битола сончево со умерена облачност, температурата до 11 степени





