Press "Enter" to skip to content

Во Битола тркалезна маса за меѓууниверзитетска соработка на универзитети – членки на УНИАДРИОН

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола одржа тркалезна маса посветена на меѓууниверзитетската соработка во високото образование, науката и иновациите.Во дискусијата на актуелни теми за унапредување на академските партнерства, научноистражувачката соработка и иновативните пристапи во високото образование во Јадранско – онскиот регион, учествуваа претставници на универзитети членки на УНИАДРИОН, регионални засегнати страни и институционални партнери.Настанот е поврзан со претседателствувањето на УКЛО со асоцијацијата на универзитети од Јадранско – јонската група земји – УНИАДРИОН. Сесијата, модерирана од проректорот за наука на УКЛО, проф. д-р Горан Илиќ, отвори простор за размена на идеи и добри практики поврзани со дигиталната трансформација, европските заеднички програми и новите модели на студентска мобилност, теми за кои говореа панелистите: проф. д-р Александар Иванов, од УКЛО и гостите: Џени Паге, од Универзитет во Јанина и претставник на Управниот одбор на Асоцијацијата, Џузепина Ларока, од Универзитетот во Мачерата, Филипо Пистоки, од Универзитетот во Мачерата и Силвија Мангалардо, од Универзитетот во Анкона и виш советник на УНИАДРИОН, како и Ана Косиќ, од Универзитетот во Сплит.Во дебатата, посебен осврт околу заеднички, двојни и повеќекратни европски дипломи изнесе проф. д-р Рената Петреска Нечкоска, академска раководителка на УКЛО во Европската универзитетска алијанса КОЛОРС.Ректорот проф. д-р Игор Неделковски осврнувајќи се на значењето на регионалната соработка и активната улога на УКЛО како овогодишен претседавач со УНИАДРИОН посочи – Оваа година Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола претседава со УНИАДРИОН – асоцијацијата на универзитетите од Јадранско – јонската група земји. Македонија е дел од оваа мрежа од 2020 година и задоволство е што Битола ги пречекува ректорите, проректорите и високите претставници на универзитетите, членки на Управниот одбор.Универзитетите се повикани да понудат идеи и решенија за бројните предизвици со кои се соочува регионот – од еколошките проблеми и одржливоста, до иселувањето, миграциите и енергетската транзиција. Меѓууниверзитетската соработка е клучна за размена на искуства и создавање продуктивни иницијативи. УКЛО веќе реализира три проекти поддржани од програмата INTERREG за регионот.Тркалезната маса што се одржа на 4. 12. 2025 г. ја потврди посветеноста на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола кон создавање трајни партнерства и неговата засилена позиција во академскиот и истражувачкиот простор во Јадранско – јонскиот регион.Настанот се одржа како дел од пошироката програма на одбележувањето на Патрониот празник на УКЛО и вклучи посета на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »