ЈП “Паркинзи“ Битола ги известува битолчани дека од утре повторно го ставаме во функција синџирот на улица “Рузвелтова“.
Оваа улица со одлука на Советот на општина Битола е прогласена за пешачка зона, но поради нашите несовесни сограѓани кои во изминатиов период не ја почитуваа сообраќајната сигнализација принудени сме повторно да ја спроведиме оваа мерка.






