Press "Enter" to skip to content

Учениците од основното училиште со ресурсен центар “Кочо Рацин“ – Битола одржаа новогодишна

Новогодишна приредба на учениците Основното училиште со ресурсен центар “Кочо Рацин“ од Битола настан како дел од овогодинешната „Зимска приказна“, традиција што  го збогатува празничниот дух на магичната Битола. Особена чест и радост е што оваа година ОУРЦ „Кочо Рацин“ е дел од битолската празнична незаменлива магија.На малата сцена во Центарот за култура се случуваше не само една обична театарска претстава. Во публиката беше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.Со присутните беше споделена  „Новогодишната желба на Анабел“ –  желбата на едно мало теле кое стана ирвас и едно момче што не зборува кое го доби својот глас, емотивна приказна по истоимениот долгометражен детски филм за надежта, за добрината, за љубовта.Преку уметноста, театарот и играта учениците пренесоа дека празниците се тука да нè потсетат да посакуваме, но и да даваме.
„Да бидеме поддршка, да бидеме насмевка, да бидеме ѕвездена светлина. Посакуваме оваа празнична приказна  да потсетува на вистинските вредности и исполнува со верба во чудесија“ е пораката која денеска беше испратена.
На присутните им се обрати директорката на училиштето Драгана Кирковска, а градоначалникот на Битола доби благодарница, новогодишна честитка и новогодишен украс изработени од страна на учениците.

More from ВестиMore posts in Вести »