Press "Enter" to skip to content

Стотина моторџии на МК Конзули на сред зима ги “запалија“ моторите и го донесоа Дедо Мраз на “Магнолија“ во Битола (фотогалерија)

По втор пат во Битола во рамките на “Зимската приказна“ во Битола Дедо Мраз дојде на мотор, а сето тоа во ораганизација на мото клубот МК Конзули од Битола поддржано од Општина Битола,  која го исполни денешниот ден со насмевки, адреналин и магија.Сите љубители на моторите од секогаш го замислувале Дедо Мраз доаѓа на мотор, а тоа што се случува во големите градови се случи денес, повторно во Битола. Битола во духот на празниците доби сосема нова димензија, доби моторџии облечени како Дедо Мразовци!По собирот на моторџиите пред нивниот клуб на Железничка станица, го започнаа дефилите низ битолските улици, а возењето на Дедо Мразовците заврши на плоштадот “Магнолија“, каде што најмалите ги добија подароци од Дедо Мразовците.-Минатиот пат точно пред една години рековме дека овој настан ќе биде традиционален настан со кој ќе се збогатат Новогодишните и Божикните содржини во нашиот град. Нешто што се случува насекаде низ светот, како поддршка на локалната заедница од мото клубовите се случи и во Битола, на наша голема радост по втор пат, вели Ромео Јовановски и додаде:

-Во соработка со Општина Битола направивме пред Божикно дружење на моторџии и на  сите кои се тука на “Магнолија“ им приредивме несекојдневно доживување, го донесовме Дедо Мраз на мотор. Поделивме повеќе од двеста новогодишни пакетчиња, а направивме едно дефиле низ градот. Имаме соработка со Општина Битола, а сега само ја продлабочуваме.Инаку, традиционално веќе 10 години МК Конзули го  овој настан, подаруваме пакетчиња на дечињата, но овој пат по втор пат сме дел од “Зимската приказна“. Претходно поделија новогодишни пакетчиња во ресирскиот центар во Битола, а продолжуваат да доделуваат пакетчиња на деца од ранливите категории.

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »