Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола соопшти дека го раскина договорите со двајца американци, кои ги бранеа боите на клубот во првиот дел од сезоната.
-Си-Џеј Вилсон и Остин Прајс, двајцата кошаркари задолжени за плејмејкерската и бековската линија повеќе не се дел од КК Пелистер. Вилсон и Прајс одиграа добри натпревари во историскиот премиерен настап на Пелистер во европските натпреварувања на ФИБА, но во новата година тие повеќе нема да бидат дел од нашиот клуб. „Зелено-белото“ семејство им се заблагодарува на Си-Џеј и на Остин за професионализмот и посветеноста на тренинзите и на натпреварите, соопштија од КК Пелистер.






