Во просториите на Општина Битола се одржа традиционалната средба со претседателите на месните и урбаните заедници на градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски.
На средбата беа присутни и секретарот Борче Димитровски, раководители на одделенија при Општина Битола, претседателот на Советот Бојан Бојкоски и директори на јавните претпријатија.
Во своето обраќање градоначалникот Коњановски истакна дека Општина Битола и во оваа 2026 година ќе продолжи со инвестиции во капиталната инфраструктура во градот и населените места.
Пред присутните се осврна и на активностите од 2025 година, проектите кои се реализираа и се во фаза на реализација, како и за новите проекти, како општински така и оние одобрени и финансирани од Владата, а од вториот повик се вкупно 65, кои ќе придонесат за подобрување на условите на живот на жителите во скоро сите области.
-Продолжуваме посветено во интерес на граѓаните на Општина Битола, рече градонаначалникот Коњановски, а потоа во разговори и тој и администрацијата имаа можност да слушнат кои се предлозите и мислењата на претседателите на месните и урбаните заедници.
Општина Битола на почетокот на секоја нова година организира една ваква средба каде што е отворена можноста двете страни да разменат мислења, искуства, предлози и решенија на одредени проблеми во локалните заедници.






