Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: Јавниот повик е финансиска поддршка на  клубови и здруженија во кои членуваат  деца од ранливи категории

Предмет на Јавниот повик е финансиска поддршка на  спортски клубови и спортски здруженија на територија на Општина Битола во кои членуваат  деца од ранливи категории.

Под поимот деца од ранливи категории се опфатени:

-Деца со попреченост,

Деца од семејства корисници на ГМП ( гарантирана минимална помош)

Спортски клубови и спортски здруженија ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Битола за 2026 година согласно Програмата за активности во областа на спортот и младите во општина Битола за 2026 година. За оваа активност во програмата има вкупно средства во  износ од 100.000,00 МКД.

Повикот се однесува исклучиво на деца кои се запишани и активно тренираат во клубот/здружението до денот на објавување на јавниот повик.

Средствата ќе се реализираат најдоцна до 31 декември 2026 година.

Временскиот период за кој овој повик се однесува е Јануари – Декември 2026 година.

Документацијата се доставува во архива или  по пошта на адреса во рок од 10 работни  дена од денот на објавување на овој повик  заклучно со 13.03.2026.

Условите и потребната документација на следниот линк:

https://www.bitola.gov.mk/sportski-klubovi-i-zdruzenija-2/