Со потпишувањето на Меморандумот за соработка, Бизнис академија Смилевски и ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола ја официјализираа реализацијата на проектни активности во рамките на проектот „Креативноста на младите во улога на хуманизмот“, насочени кон поттикнување на општествената одговорност, хуманоста и волонтерскиот дух кај младите.
Акцијата беше спроведена во ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација – Битола, каде што беа донирани играчки, книги и едукативни материјали кои ќе се користат во работата со дечињата.
Оваа иницијатива не претставуваше само донација, туку и силна порака – дека хуманоста се учи, се негува и се пренесува.
Кај студентите и учениците се поттикнаа емпатијата, солидарноста и свесноста за важноста на грижата за заедницата.
Ваквите активности се темел за создавање свесни, одговорни и хумани генерации, а овој мал гест со големо срце од страна на студентите и учениците уште еднаш потврди дека вистинските вредности се докажуваат преку делата.

Бизниз академија Смилевски поттикнува општествената одговорност, хуманост и волонтерски дух кај младите
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево и мнгу топло, температурата до 36 степени
- Од полноќ цената на дизелот се намалува за осум, а на бензините за четири денари
- Кога чаршијата пее, Битола добива фестивал на чалгијата
- СВР Битола: приведувања за напад на татко, за напад на сопруг, пријави за напад од две лица со дрвен предмет
- Свеченото претставување на поетскиот и духовен еп „Крстот на Охрид и Светлината на Вечноста“ од проф. д-р Зоран Пејковски од Битола во Охрид





