Press "Enter" to skip to content

Со гала вечер “Pionerski Book Bar & Apartments“ Битола прослави една година постоење (фотогалерија)

-Една година Пионерски Битола на уникатен начин одбележа година исполнета со спомени, култура, емоции, многу задоволни гости, спомени кои остануваа многу повеќе.

Во свечена атмосфера, во прекрасна мајска ноќ исполнета со мистични светла, балони и многубројни гости, пријатели, роднини и деловни партнери, “Pionerski Book Bar“ Apartments“ прослави 1 година постоење.

А, соптсвениците ја започнаа вечерта со една јасна порака:

-Една година спомени, Една година емоции, Една година Пионерски.Пред точно една година, едно место со богата историја повторно ги отвори своите врати и започна да создава нови приказни. Денес, “Pionerski Book Bar & Apartments“ слави една успешна година исполнета со музика, насмевки, дружби, култура и незаборавни моменти.Во изминатата година, “Pionerski Book Bar &Apartments“ не беше само место за кафе и дружење. Стана дом на културни настани, книжевни матинеа, промоции на книги, обуки, конференции и едукативни работилници за деца — продолжувајќи ја културно-образовната мисија што ова место ја носи со децении.Сопственикот Никола Велјановски им се заблагодари на сите што беа дел од оваа приказна и го запрашавме како започна приказната за Пионерски?-Пионерски не започна како обичен угостителски објект. Започна како идеја да се создаде место со душа. Сакавме да вратиме емоција – место каде луѓето нема да доаѓаат само на кафе или пијалок, туку да создаваат моменти, разговори и најубави спомени. Од самиот почеток сакавме Пионерски да биде нешто повеќе од локал – да биде чувство. Благодарност до сите што нè поддржаа, славеа, создаваа спомени. Ова е само почеток. Сега ќе наздравиме за уште многу години исполнети со љубов, култура, музика и незаборавни вечери, а што за нив значи една година постоење, која како рече, помина за миг, Велјановски додаде.

-Една година можеби на календар не изгледа многу, но зад таа година стојат безброј непроспиени ноќи, идеи, предизвици и многу работа вложена со љубов. Денес не славиме само една година Пионерски — славиме една година насмевки, нови пријателства и убави приказни што ги создадовме заедно. Сакавме и мислам дека успеавме кога некој ќе го спомне Пионерски, да не помисли само на кафе, музика, убава закуска или простор за преноќување. Сакам да помисли на чувство на топлина, на пријатна атмосфера и на место каде што секогаш се враќаат убавите спомени.А која е визијата за утре, по една, по десет години, Велјановски рече:-Пионерски е како книга, има уште многу страници што треба да ги напише. Сакаме да растеме, да носиме нови идеи, многу културни настани, акустична , класична музика и содржини што ќе ја збогатат нашата заедница и зачуваат културата во Конзулска Битола. Најубавите приказни допрва доаѓаат. И во таа насока ќе и порачам на моите сограѓани, битолчани, и на сите. „Пионерски не е само место. Тоа е приказна што ја пишуваме заедно – со секој битолчанец, битолчанка со секој гостин што влегува низ нашата врата…Ана Ристевска е дел од тимот на “Пионерски“ од отворањето, една година, а за тоа како е да се биде дел од Пионерски ни рече:-Да се биде дел од Пионерски не е само работа, туку чувство дека си дел од едно посебно место. Секој ден носи нови луѓе, нови приказни и нови моменти што остануваат во сеќавање. Тука не служиме само кафе, пијалок или храна – создаваме атмосфера и спомени. А, за една година начивме дека успехот не се гради само со убав простор, туку со тимска работа, почит и љубов кон тоа што го работиш. Секоја насмевка од гостите ни беше дополнителна мотивација да бидеме уште подобри. Остануваме со голема одговотрност кон гостите и упатуваме голема благодарност до сите што беа дел од нашата прва година. Без нив Пионерски немаше да биде тоа што е денес.Сопствениците на слаткарницата “Зафир“, семејството Зафировски, присуствуваа на гала-прославата по повод една година постоење на Пионерски, при што ја донесе и роденденската торта што ја разубави вечерта.

-Соработката со Никола Велјановски е повеќе од успешна. Продажбата на нашите слатки, десерти и торти е навистина одлична, дури и нè изненади. бидејќи ова е првпат да го донесеме нашиот асортиман во Битола. Огромна благодарност до битолчани за довербата и љубовта што ни ја даваат секојдневно. На сопственикот му посакувам да продолжи со истото темпо, посветеност и визија како досега, а на сите битолчани им порачувам да уживаат во слатките од слаткарницата „Зафир“, затоа што зад секој десерт стојат квалитет, љубов и многу труд. Искрено веруваме дека сме меѓу најдобрите.На местото каде некогаш пулсираше духот на Пионерскиот дом “Трајче Маглоски“, препознатлив по малото пионерче — симбол на едно време и дел од историјата на Битола, повторно една година, живее традицијата, но во едно современо, топло и автентично издание. Простор што обединува уметност, книги, едукација, забава и пријателства. Простор каде се создаваат спомени што траат. Како порачува тимот на Пионерски најубавите страници од нашата приказна допрва ќе ги пишуваат.Пионерски продолжува – книга по книга, насмевка по насмевка.  Пионерски е место во Битола што ги спојува книга барот, храната и сместувањето во едно искуство.

Музиката и емоциите ја направија гала роденденската вечер уште помагична со настапите на Љупчо Сакс, Давид Скерлевски и Ристе Ристевски, кои создадоа атмосфера за паметење.

Ж. Ристевска
Фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »