„СУПЕР ВОЗАЧ“ ЈА ЗАПОЧНУВА КАМПАЊАТА „ПОЛОЖИ ЗА ЖИВОТ. НЕ САМО ЗА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА.“
По повод првата годишнина од работењето на Регионалниот испитен центар, на 5 јуни официјално беше промовирана новата општествено одговорна кампања на „Супер Возач“, чија цел е да ја подигне свеста за безбедноста во сообраќајот и важноста на одговорното однесување зад воланот.
И да потсети дека возачката дозвола не претставува крајна цел, туку почеток на една долгорочна одговорност кон сопствениот живот и животите на сите учесници во сообраќајот.
Под мотото „Положи за живот. Не само за возачка дозвола“, кампањата испраќа порака дека возачката дозвола не е крајна цел, туку почеток на една голема одговорност што секој возач ја носи кон себе, своите најблиски и сите учесници во сообраќајот.
Во рамки на отворениот ден организиран по повод првата годишнина од работењето на центарот, посетителите имаа можност да се запознаат со процесот на полагање, условите за работа и активностите што ќе следат во рамки на новата кампања.
Според Горан Јованоски, раководител на Регионалниот испитен центар – Супер Возач, по една година успешно работење, време е фокусот дополнително да се насочи кон едукација и градење сообраќајна култура.
-Изминатата година беше посветена на воспоставување професионални стандарди, транспарентен процес и квалитетна услуга за кандидатите. Денес правиме чекор понатаму. Со кампањата „Супер Возач“ сакаме да испратиме порака дека најважно не е само да се положи испитот, туку да се изградат знаења, навики и одговорност кои ќе траат цел живот. Горди сме што функционираме како современ регионален испитен центар кој им стои на располагање на кандидатите од повеќе градови и региони и веруваме дека сите заедно можеме да придонесеме за побезбедни патишта и поодговорни возачи, изјави Горан Јованоски.
Организаторите потенцираат дека кампањата ќе продолжи и во наредниот период преку нови едукативни активности, јавни иницијативи и партнерства насочени кон подигнување на свеста за безбедноста во сообраќајот.
Бидејќи секој положен испит е само почеток на едно многу поважно патување, патувањето кон одговорно и безбедно учество во сообраќајот.

Една година работа, нова мисија за побезбедни патишта
More from ВестиMore posts in Вести »
- Државниот студентски дом “Кочо Рацин“ – Битола подготвен да ги прими студентите и оваа студиска година
- Концерт на квартетот “Пелагонија“ на платото кај Офицерски
- СВР Битола: напад со тврд предмет, нарушен ред и мир, обид за физички напад, приведен возач кој возел возачка
- КУД “Илинден“ Битола со второ место на Светски натпревар по автентичен фолклор во Турција
- Објавени конкурсите за академската 2026/2027 година на УКЛО Битола





