Големите количини на дожд кои попладнево паднаа во Битола предизвикаа проблеми во нормалното функционирање во делови од градот.
Веднаш на терен излегоа екипи на ЈП „Нискоградба“ Битола при што интеренираа и интервенираат на следните места: населба „Стрелиште“ на улицата „8 септемрври“ кај бензинската станица на „Лук оил“, населба Карпош-Кланица на потегот кој излегува на улицата „Железничка“, на улицата „Железничка“ на потегот кај „Император“, населба „Стрчин“ на реката Курделес, улица „Патризанска“ пред Медицина на трудот, Горно Оризари улица „Крте Нале“ одводниот канал, Раштански порој, улица „Бурса“, улица „Цар Самоил“.
Исто така екипи на „Нискоградба“ ќе интервенираат на улицата која води кон село Раштани, а имаше и помали интервеници во „Бадембалари“, населбата „Баир“, на улицата „Широка“ каде решетките не можеа да ја соберат водата од ридот, потоа на улицата „Васко Карангелевски“ на стариот Курделес кој излегува на улицата „Смилевски конгрес“.
Екипи на „Нискоградба“ ќе интервенираат и на патот за Брусник и Лавци.

Општина Битола: екипи на ЈКП “Нискоградба“ интервенираат на десетина локации по големиот дожд
More from ВестиMore posts in Вести »
- Државниот студентски дом “Кочо Рацин“ – Битола подготвен да ги прими студентите и оваа студиска година
- Концерт на квартетот “Пелагонија“ на платото кај Офицерски
- СВР Битола: напад со тврд предмет, нарушен ред и мир, обид за физички напад, приведен возач кој возел возачка
- КУД “Илинден“ Битола со второ место на Светски натпревар по автентичен фолклор во Турција
- Објавени конкурсите за академската 2026/2027 година на УКЛО Битола





