-Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро нкај павиентка на 58-годишна возраст. Кога желбата за дете е посилна од сите предизвици, медицината и упорноста можат да создадат неверојатни приказни, попладнево соопшти прим. д-р Таше Трпчевски.
https://www.instagram.com/plodnost/reel/DZVf2VOMi0H/
Ултразвучниот преглед потврди тројна бременост, а на фотографијата е исечок од разговорот помеѓу пациентката и д-р Таше Трпчевски.
-Станува збор за исклучително редок и комплексен случај кој бара внимателно следење и врвна мултидисциплинарна грижа во текот на целата бременост, додава Трпчевски.






