Денес беа поставени пешачките семафори на Широк Сокак, кај пешачкиот премин кај “Епинал“ во Битола кои треба да го олеснат преминувањето на пешаците преку оваа сообраќајница, во периодот кога таа не е затворена за сообраќај.
Претходно се извршија работни за бележење на коловозот од страна на ЈП „Паркинзи“, согласно основниот сообраќаен проект за воведување на светлосни знаци за управување со сообраќајот на крстосниците на улица „Широк Сокак“ со улица „Димитар Илиевски Мурато“ и со улица „Солунска“ и воведување на пешачка зона на Плоштад „Гоце Делчев “ во Битола.
Паралелно се работи и на поставување на пешачки семафори и кај Камен мост на улицата “Солунска“






