Press "Enter" to skip to content

Поплочени 2.000 м2 на платото кај манастирот “Св. Богородица“ во Новаци

Во пресрет на овогодинешниот Фестивал на жетвата, успешно е реализирано поплочување на 2000 м² од платото каде што традиционално се одржуваат главните фестивалски активности.Со оваа инвестиција финансирана од општинскиот буџет значително се подобрува функционалноста и изгледот на просторот, создавајќи подобри услови за учесниците, посетителите и сите љубители на оваа единствена манифестација која веќе пет години ја негува традицијата, земјоделството и културното наследство на Општина Новаци.

Подготовките се во завршна фаза, а ве очекуваме заедно да го прославиме 5 јубилејно издание на „Фестивалот на жетвата – Новаци 2026“ и да уживаме во богата програма, добра музика, традиционални вкусови и незаборавна атмосфера.

More from ВестиMore posts in Вести »