На 20.07.2026 во СВР Битола било пријавено дека во 12:45 часот на ул „Игњат Атанасовски“ во Битола, И.И. (51) од Битола и М.Ѓ. (36) од с. Лавци го нарушувале јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.07.2026 во 18:50 часот на ул. „Козјак” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р. (62) од Битола затоа што под дејство на алкохол го нарушувал јавниот ред и мир. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.07.2026 во 10:15 часот на Градскиот пазар во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Б.Б. (68) од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека под дејство на алкохол ја вознемирувал и се обидел физички да ја нападне Г.Д. (69) од Битола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.07.2026 во 10:09 часот на бул. „1 Мај“ во Битола, полициски службеници го лишиле од слобода М.А. (36) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „фиат”со битолски регистарски ознаки, управувано од М.А., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.






