Press "Enter" to skip to content

Коњаницата “Костурска чета“ од Битола оддаде почит кон војводите, илинденците и бранителите, доби Благослов и замина за Крушево (фото)

Со развиорени македонски знамиња, достоинство и силна порака за почит кон историјата, “Костурска чета“ од Битола денес го започна својот традиционален марш кон Крушево, каде ќе учествува во одбележувањето на големиот национален и верски празник Илинден – 2 Август.“Костурска чета“ својот поход до Крушеви го започна кај Хераклеја, паркот и Широк Сокак, стигнаа до “Магнолија“, “Ат пазар“ и до црквата “Св. Недела“ во Битола. Коњаницата оддаде почит на македонските херои со полагање цвеќе кај споменикот “Ангел“  на бранителите во паркот кај Саат кулата, а потоа и на споменикот на Александар Турунџев кај “Ат пазар“.Потоа во храмот „Св. Недела“ ги посетија и гробовите на Александар Турунџев, Ристо Паргов и Павел Шатев.Кај споменикот на Илинденците во дворот на “Св. Недела“ беше извршен водосвет, а од свештениците добија и благослов за успешно патување.-Оваа традиција претставува симбол на почит кон илинденците, нивната борба за слобода и негувањето на македонското историско и духовно наследство, вели Игор Петковски, еден од коњаниците на “Костурската чета“.Патувањето кон Крушево е повеќе од коњички марш – тоа е жива врска меѓу минатото и сегашноста, потсетник на вредностите за кои се избориле нашите предци, потенцираат од Битолската коњаница „Костурска чета“.

More from ВестиMore posts in Вести »