На 30.07.2026 во 18:05 часот на ул. „Ѓорѓи Наумов“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода В.Ш.(65), кој управувал патничко возило „ауди“ со битолски регитарски ознаки без да поседува важечка возачка дозвола и притоа учествувал во сообраќајна незгода. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.07.2026 на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода З.С. (41) од Битола. Тој, во влез од зграда на ул.„Филип Втори Македонски“ запалил кабли од електрична инсталација и оштетил дел од електричната инсталација на два ката. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.07.2026 во 06:45 часот во СВР Битола било пријавено дека на пешачки премин на бул.„1 Мај“ во Битола, патничко возило „лада“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 70-годишниот П.Ш. од Битола, удрило во 59-годишната М.М. од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.М., констатирани во болницата во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
На 30.07.2026 во 06:55 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од бул. „1 Мај“ и ул. „Киро Димитров“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 38-годишната А.Х. од Битола и мопед „хамачи“, управуван од 42-годишниот М.М. од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во болницата во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.






