Press "Enter" to skip to content

Вечерва Здравко Чолиќ пред 15.000 публика во Битола

Вечерва во Битола ќе има вистински спектакл. Организаторите на концертот на легендарниот Здравко Чолиќ најавија дека тој ќе пее пред рекордни повеќе од 15.000 посетители во Битола, со публика од цела Македонија и регионот. Такво и беше мотото за овој концерт, каде и да си на 1 август во Битола да си.

Од „Avalon International Booking“ истакнуваат дека ова е апсолутен рекорд за еден концерт во Битола, а и пошироко, вклучувајќи го и Охрид.

Вратите за концертот ќе бидат отворени во 19:00 часот и заради големата посетеност, организаторот препорачува навремено доаѓање. Почетокот на концерот е закажан за 21:00 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »