Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: сопруг нападнал сопруга, повреден возач на мопед и сопатничка, тројца се степале и го нарушиле јавниот ред и мир

На 04.08.2026 во 21:45 часот во СВР Битола, 39-годишна битолчанка пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 05.08.2026 во 02:50 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „8 Септември” во Битола, М.Т.(23) од Битола, управувајќи мотоцикл „јамаха”со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот паднал на коловозот. Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила сопатничката Ј.А.(19) од Битола, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 04.08.2026 во 09:10 часот во СВР Битола е пријавено дека на  ул. „Широк Сокак” во Битола, Е.Р. (23), Р.Р. (28) И Н.Ј. (47) од Битола го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

More from ВестиMore posts in Вести »