Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: опожарени 1.400 бали сено и слама и друго, закана со остар предмет, внук нападнал баба

На 05.08.2026 во 11:30 часот во СВР Битола е пријавено дека настанал пожар во плевна во село Логоварди, општина Новаци, сопственост на В.Д. (72) од село Логоварди, при што биле опожарени 800 бали сено, 600 бали слама, 3.500 килограми пченица, молзачка за млеко и други предмети. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила екипа на СВР Битола.

На 05.08.2026 во 14:00 часот во СВР Битола, Г.К. (48) од Битола пријавил дека во Градскиот пазар во Битола, едно лице кое продавало на тезга му се заканило со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 05.08.2026 во 13:00 часот во Полициското одделение Новаци, М.А. (46) од Кавадарци пријавила дека во домот на нејзиниот татко во село во општина Новаци, нејзиниот внук Н.П. физички ја нападнал . Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

More from ВестиMore posts in Вести »