Македонија ЃП – Пелистер 0:1 (0:0)
Фудбалерите на Пелистер од Битола денес ја забележаа и им се израдуваа на првата победа во сезоната во Втората македонска фудбалска лига на гостување сезонава „зелено-белите“ го освоија целиот плен против Македонија ЃП, откако славеа со минимални 0:1, полувреме (0:0).
Поблиску до водство во првото полувреме беа домаќините, кои не искористија две изгледни шанси за погодок. Во вториот дел ситуацијата се промени, поискусниот тим од Битола ја презеде иницијативата и тоа вроди со плод во 81. минута кога последното засилување Иван Ивановски беше прецизен од најстрога казна и на својот нов клуб му обезбеди премиерна победа сезонава.
Така, пелистерци по двете домашни ремија со Кајмени и Брера, ги забележа првите три бода на своето конто.










