Press "Enter" to skip to content

Прес на “ГАУС Институтот“: Сто претставници од мали и средни претријатија учесници на проектни семинари во пет држави (фото)

“БалканМед Е-бизнис страници“ е проект одобрен во рамките на Програмата за транснационална соработка на Европската унија, под приоритетните оски: претприемништво, вработување и иновации, со специфична цел – конкурентни територии.

Деновиве заврши имплементацијата на проектот “БалканМед Е-бизнис страници“ кој се реализираше во периодот август 2017 – јули 2019 година и беше во  рамки на “ИНТЕРЕГ Балкан-медитеранската меѓурегионална програма за соработка 2014-2020“, а земји учеснички беа Бугарија, Грција, Кипар, Северна Македонија и Албанија.Според проф. д-р Игор Неделковски од “Гаус Институтот“ кој е носител на проектот целта беше да се придонесе за поттикнување и зајакнување на конкурентноста на малите и средни претпријатија на Балканот и на медитеранскиот регион преку промоција на регионални бизниси, овозможување на соработка и трансфер на технологии во регионот.

-Проектот ги исполни своите цели преку развој на он-лајн платформа и подготовка на деловни информативни материјали. Главниот производ на проектот е создавањето на “bmbpages” дигитална платформа.  www.bmbpages.biz платформата создава можност за бесплатна регистрација на компании, деловни здруженија, кластери, организации за поддршка, итн. Малите и средни претпријатија, кои девуваат во областа на производството, земјоделството, туризмот, услугите, информатичката технологија итн. Ќе имаат можност да им се креира профил, со производите и услугите кои ги нудат и со опција да објавуваат понуди и барања за соработка, вели Неделковски.Во иднина, платформата ќе послужи како механизам за поттик за потенцијалните инвеститори во нивните иницијативи за меѓурегионална соработка, а проектот овозможува надминување на економските разлики, релативно ниската конкурентност во споредба со другите европски земји, како и подобра интеграција на социо-економските врски. Во текот на двегодишниот период проектот преку платформата “bmbpages” ги опфати профилите на околу 1.000 претпријатија за производство и извоз од петте земји-учеснички.

-100 претставници од малите и средните претпријатија регистрирани на платформата bmbpages учествуваа на еден од петте проектни семинари што се одржаа во секоја од земјите учеснички и воспоставија лични контакти, разговараат за прашања од заеднички интерес и се консултираат со поканети говорници, додава Неделковски.

Од нашата земја регистринани се 250 компании на дигиталната платформа, учествуваа 120 компании на Б2Б средбата во Битола,  21 компанија (по 5 компании на Б2Б средби кај патнерските организации) се претставија во Балкан Мед регионот.-Се одржаа пет проектни семинари и тоа во Атина на која се со презентација се претставија македонски компании и бизнис организации: “Апостолада“ – Битола, “Традиебот“ – Битола, “Комора на занаетчии“ – Битола, “Ле Бранд дизајн“ – Битола, “АВ Генцијана“ – Битола. Во Тирана се одржа втората Б2Б средба учествуваа шест македонски компании и бизнис организации, а во Битола во април се одржа третата Б2Б средба со повеќе од 120 компании – учесници, панел дискусија со 2 експерти и презентации на 20 компнии. По принципот на светско кафе, брзи состаноци мегу компаниите и договарање на соработки со посета во самите компании, вели Сузана Трајковска-Кочанковска и додава:

-Третaта “B2B“ средба се одржа во Софија и на истата присуствуваа пет македонски компании и деловни организации: “ДАКА Лифт трејдинг“ – Скопје, “ГЕО Балкан“ – Битола, Регионалната Стопанска Комора Битола, адвокат Марија Димитровска, “Of road тури Битола“. Четвртата средба се одржа во Лимасол, Кипар, на кој учествуваа пет македонски компании и деловни организации: “Витаминка“ Прилеп, “3Д Визија инженеринг“ Битола, Центар за ретинален развој на Пелагонискиот регион Битола, “Комуналец“ Битола, “Геницијана“ Битола. Интересен факт е дека на состанокот Витаминка започнува преговори за соработка со компанијата од Никозија, Кипар.

Еден од учесниците во овие средби е Јове Парговски, кој на завршната прес-конференција, која се одржа во “ГАУС Инситутот“ во Битола рече:-Јас учествував на средбите во Битола и Софија, каде имав можност да се запознаам со слични здруженија и компании од Балканскиот Полуостров. Како претставник на Здружението “оф-роад“, моја и цел на здружението е проширување на мрежата на партнерски компании и здруженија. Во таа насока направени се првичните контакти со компании и здруженија кои се занимаваат со рурален и аутдор туризам, разменивме контакти и промотивни материјали и за брзо време очекуваме дел од нив да дојдат кај нас, да видат, да дадат свој предлог и да започнеме соработка.

Лили Кадинска, моден дизајнер од Битола, беше на средбата во Атина, Грција. За искуствата од средбите таа вели:-Јас бев дел од тимот на “ГАУС Институтот“ во Атина и таму го претставив сопствениот концепт на работење како моден дизајнер и како ателје кое дада услуги на други дизајнери и претприемачи. Остварив контакти со неколку фирми, а можам да кажам дека најветувачки е контактот со трговската комора на Грција. Сега сме континуирано во комуникација, а тие ме поврзуваат со фирми со сродна дејност од Грција. Очекувам дека за брзо време ќе дојде и конкретна соработка.

И веб-порталот Bitolanews, беше дел од средбата во Битола, а за остварените средби со слични компании, сопственикот, Сашо Ристевски рече:

-На средбата имав контакти со неколку компании, не со веб-портали, туку со продукциски куќи, кои сакаат да работат тука и да снимаат дел од нивните продукциски проекти. Им се понудивме за во иднина кога ќе имаат проекти, во кои ќе им треба кадар или опрема за снимање и фотографирање, да не носат од Кипар, од каде беа продуцентите, тука да им ја понудиме нашата или да изнајмиме од други компании. Конкретно за оваа година нема ангажмани, а за иднина, за кога веќе ги подготуваат буџетите, се надеваме на дел од нивната работа да ја работиме тука.Сузана Трајковска-Кочанковска за овие средби и бенефитот од нив рече:

-Самото искуство и самото презентирање на фирмите им донесе една нова димензија да се претстават во регионот, односно да видат како останатите фирми од регионот се претставуваат, како воспоставуваат контакти и како соработуваат. Од една страна беше остварувањето на контактите, а од другата здобивање на искуството како тоа може да се направи. Самите фирми, бидејќи се работи за мали фирми немаат многу можности да патуваат на вакви средби, а вака бесплатно тоа го направија, што е бенефиција сама по себе. Со овие контакти и портфолиото на фирмите станува побогато со активност која сигурно ќе и  донесе бенефити во иднина.Инаку, временската рамка за реализација на проектот беше од 01.08.2017 до 31.07.2019 година, а одобрениот буџет беше 717.588,50 евра од Европскиот фонд за регионален развој (ERDF) и Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската унија, и национално кофинансирање од земјите учеснички.

More from ВестиMore posts in Вести »