Press "Enter" to skip to content

Bitolanews.mk во регистарот на професионални он-лајн медиуми на ЗНМ и СЕММ, меѓу доверливите

Објавен регистарот за професионални медиуми каде се опфатени вкупно 67 медиуми, а дел од листата е и www.bitolanews.mk.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска го објавија  регистарот на професионални он-лајн медиуми, кој има 70-тина членки, а иницијативата за креирање на Регистарот е поддржана и од Стопанската комора на Македонија. Постапката на креирање на Регистарот се одвиваше според критериумите усогласени меѓу СЕММ и ЗНМ по примери од практиката на развиените демократски општества и Советот на Европа, а беше консултирана и медиумската и бизнис заедницата во државата.

Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски објасни дека Регистарот ќе има широка примена, за бизнисмените тоа ќе значи заштита од уценувачите и непрофесионалните медиуми, а за граѓаните да ги препознаат медиумите кои што ги почитуваат стандардите, да знаат кому може да му веруваат, а чии информации да ги примаат со резерва.

-Во контекст на изборите во државата, Регистарот ќе биде тест за политичките партии “привезоци“, потенцира Чадиковски.

Од почетокот на јануари ќе биде во функција веб-платформата www.promedia.mk, на која ќе има детали за сите членки на Регистарот.