Press "Enter" to skip to content

Срѓан Захариевски, тренер на Пелистер – Го одигравме најлошиот натпревар

По завршувањето на натпреварот од првата фудбалска лига тренерот на Пелистер, Срѓан Захариевски беше крајно незадоволен од играта на неговиот тим по поразот 2-0 против Работнички на „Филип Втори“ арената.
Тој во кратскиот брифинг со новинарите рече дека Пелистер го одигра најлошиот меч во оваа година, а со таков настап не може да очекува триумф.
“Сосема заслужена победа на екипата на Работнички. Ние денес го одигравме најлошиот натпревар оваа година. Со ваков настап поразот е неминовен, ќе мора зналително да се подобриме за следниот меч кој ни е за два дена против Силекс“, истакна Захариевски.