Стадион Арена Филип Втори во Скопје
Гледачи:500
Стрелци на головите: Херера во 18 и Дурански во 59 минута за Работнички
Работнички:
Божиновскји, Митрев, Херера, Дурански, Веселинов, Марковски, Кадриу, Сергио, Тодоров, Билали, Рашо.
Пелистер:
Јовановски, Тошевски, Драгарски, Фернандо, Илијовски, Сефафимов, Попзлатанов, Лукас, Марковски, Пеев, Илиев.
Екипата на Работнички ја забележа првата победа под водство на новиот тренер Горан Станковски, откако како домаќин, со сигурни 2-0 (1-0) славеше над битолски Пелистер кој беше непрепознатлив на терен.Екипата на Работнички ја забележа првата победа под водство на новиот тренер Горан Станковски, откако како домаќин, со сигурни 2-0 (1-0) славеше над битолски Пелистер кој беше непрепознатлив на терен.Првиот погодок пристигна во 18. минута од мечот. Стрелец беше Ерера, по една грешка на голманот Јовановски.Пелистер имаше прилики преку Илијоски, Фернандо и Пеев, но не ги искористи, по што Работнички замина на пауза со еден гол предност. Втор гол во мрежата на Пелистер постигна Дурански, кој стрела во 59. минута по асистенција на нововлезениот Погосјан.Пелистер се врати на старите навики и поразите, а е на петтото место на табелата.