Само по неколку дена откако ја презеде екипата на Еурофарм Работник, новиот тренер Илија Темелковски ја победи екипата на Борец и со победа дебитираше на клупата на Еурофарм Работник,само по неколку одработени тренинзи.
Натпеварот започна израмнето и до 6-6, двете екипи неколку пати се менуваа во водството и трипати резултатот беше израмнет. Сепак, Дрогришки и Мајнов во финишот на првиот дел на битолчани им донесоа +2 на одморот.
Клучната фаза во натпреварот беа првите минути во вториот дел, кога момците на Темелковски побегнаа со серија 5-1.
Mајнов со 9 гола се истакна во таборот на Еурофарм Работник, Дрогришки постигна 6, а Златко Мојсоски беше автор на 5 гола.
Пелистер беше слободен, а по пет одиграни кола “пелистерци“ се на врвот на табелата со 12 бода, а само со два бода помалку екипата на Еуро фарм Работник е на второто место.

Супер ракометна лига – мажи – Победа на Еурофарм Работник, Пелистер слободен – Еуродарм Работник – Борец 31:24 (15:13)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Голот за водство недоволен за бодови за Македонија, Шведска со сигурна победа (фото)
- Пелистер поразен во Словачка во ФИБА Европа купот
- Победата награда за “Чкембарите“, публиката и Битола (мега фотогалерија)
- Жарко Пешевски е “МВП“ на натпреварот, во натпреварот на неделата на ЕФХ
- Еурофарм Пелистер со голема победа во Битола, поразен ПИК Сегед по голема борба и прекрасен ракомет (фотогалерија)





