По оставката, на сега веќе екс тренерот на Пелистер, Срѓан Захариевски управата му даде доверба на Спасе Ристевски, досегашниот помошник тренер, да ја води екипата на Пелистер на натпреварот во недела против екипата на Скопје на гостувањето во Скопје на теренот кај Автокоманда.
По назначувањето на Ристевски за нов тренер на Пелистер за в недела останува Управата на Пелистер да побара ново тренерско име илида го остави Ристевски до крајот на полусезоната.
Инаку, Спасе Ристевски е “дете на Пелистер“. Бил најдобар фудбалер, капитен, но се докажал и во тренерската работа, како со младинскиот погон така и со сениорската екипа.