Press "Enter" to skip to content

ФК Пелистер ќе бара трет тренер есенва

По поразот на екипата на Пелистер на домашен терен на стадионот под Тумбекафе од екипата на Силекс се погласни се гласините дека “пелистерци“ ќе останат без тренерот Срѓан Захариевски.

Захариевски си заминал од Битола по натпреварот после поразот од Силек жс и си поднел оставка на местото шеф на стручен штаб на битолски Пелистер по двата порази по ред од Работнички и од Силекс.

Инаку, Захариевски дојде во Пелистер на почетокот на сезоната менувајќи го Наџи Шенсои кој што го водеше клубот минатата сезона, и низ настапите на битолските „зелени“ во Европа.

Но, после неколку месеци дојде до разделба со некогашниот стручњак на Металург.

More from БитолаMore posts in Битола »