Во организација на модното студио “Шанел“ во ресторанот “Винарска визба Лозар“ во Битола се одржа финале за избор на Балкански “Топ модел 2017“, а на модната писта се претставија манекенки, топ модели, од неколку Балкански држави.
Победничка на овој избор е претставничката на модно студио “Шанел“ , Мартина Богатиноска од Прилеп, која неколку години е член на ова познато не само во Македонија, модно студио.
Прва придружничка беше избрана Андријана Илјовиќ од Србија, а за втора придружничка претставиците во жири-комисијата ја избраа, битолчанката, Елена Георгиевска.
Покрај изборот на најдобриот балкански топ-модел големиот број на гости во овој новоотворен ресторана-винарија, “Лозар“ имаа прилика да проследат и да узиваа во богата музичка програма во која настапија групата “Молика Јуниор“, Марјан Стојаноски и Ирена Спасовска.
Фото: Студио “Шанел“