Вечерва во малата сала на Центарот за култура во Битола свечено се отвори јубилејното25 издание на на меѓународниот фетивал на аматерскиот документарен филм “Камера 300“.
Фестивалот за отворен го прогласи градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која рече дека Битола заслужува ваков фестивал, а овој фестивал е продолжение на работата на двата битолски сниматели, браќата Манаки.
По свеченото отворање беа доделини и наградите, меѓународното жири на фестивалот одлучи највисокото фестивалско признание, наградата Гран при и плакета „Милтон Манаки“ да ја додели на авторот Џејмс Калмерс од Велика Британија за аматерскиот филм „Пофалба за црвената телефонска кутија“.
Беше доделена и златна „Камера 300“на Радован Ѓериќ од Србија автор на филмот „Село во срцето на градот“, сребрена на Драго Латиновиќ и Илија Галоња, исто така, од Србија, додека бронзена „Камера 300“ годинава доби македонскиот автор Петре Чаповски за филмот „Виолинист“.
Златниот медал на УНИКА му припадне на Томе Љушев автор на аматерскиот непрофесионален документарен филм „Страсна недела – Бигорски манастир“, плакета за најдобра камера на Милан Живковиќ од Србија, плакета за режија „Драги Савевски“ на Горан Поповски автор на филмот „3Р 3Р“, плакета за монтажа на гостинот од Германија Оскар Георг Шиберт, плакета за идеја доби Јосеп Рота од Шпанија, а плакета за репортажа ќе му биде доделена на Диме Талевски автор на документарните филмови „Манастир Св. Марина“ и „Колешински водопади“.
-Стручното жири одлучи годинава да додели и неколку специјални награди и тоа на општинското основно училиште „Христо Узунов“ од Охрид за посебен придонес во аматерскиот документарен филм, потоа на Оливера Грујевска за поетскиот израз во аматерскиот филм „Носталгија за едно време“ и на Валентин Иванов и Стефан Николајев од Бугарија за континуирано учество на фестивалот во Битола, потврди Стевче Хаџиантоновски, директор на ФАДФ „Камера 300“.