Во фоајето на Центарот за култура во Битола, битолчани, љубители на пишаниот збор имаа ретка прилика да имаат, како велат домаќините, издавачката куќа “Матица“, уште едно незаборавно дружење.
-На битолчани, кои се познати по љубовта кон пишаниот збор имаме прилика да им понудиме 50.000 книги, 250 наслови од македонски автори. Сите оние кои ќе дојдат на штандот на “Матица“ ќе имаат можноста самите да одберат пакет за неверојатна сума од само 300 денари. Во пакетот се вклучени пет книги од македонски автори, вели Благица Илиевска, која нагласи дека мотото на оваа промоција е Да, за книга!
Покрај македонските автори тука можат да се сретнат и други странски автори кои оваа издавачка куќа ги има преведено на македонски јазик од разни жарнови, по многу пристапни цени, додава Илиевска.
“Матица“ ќе им презентира и продава наслови на битолчани до 3 ноември.