Press "Enter" to skip to content

Спектаклот заврши со коктел (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Спектаклот кој долго ќе го паметат љубителите на ракометот, по повод завршувањето на играчката кариера на Бранче Ангеловски, заврши со коктел во малата сала во спортската сала “Младост“.

На ова неформално дружење на едно место се најдоа неколку генерации на ракометари, ракометни работници, дел од водачите на навивачката група “Чкембари“, новинари, фоторепортери, бинисмени, пријатели на Бранче…

Заедно неколку часа се дружеа Манасков, Цане Крстевски, Стевче Стефановски, Нашоку, Иве, Зарков, Металари, Јондрата, Даниело, Ефто, Јапоно, голманот Петковски, Абдула, Дрогришки, Мисовски, Менде, Михајло, Диме…

Одлично организираниот спектакл заврши со светски стил, а ваквото организирање наревијален натпревар со воодушевување го поздравија сите.