Press "Enter" to skip to content

Во четвртфиналето од Купот, Пелистер – Победа

Во „Куќа на фудбалот“, односно во просториите на Фудбалската федерција на Македонија, беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија.

Освојувачот на Купот за минатата сезона екипата на Пелистер е домаќин на екипата на Победа, а првиот натпревар ќе се одигра идната средда, на 8 ноември, со почеток во 13 часот.

И останатите три четвртфинални двојки се Ренова – Скопје, Тетекс – Академија Пандев и Шкупи/Вардар – Шкендија, ќе играат за влез во полуфиналето на Купот на Македонија.

По пропозициите на натпреварувачката комисија на ФФМ ќе се играат два натпревари, а реваншот во Прилеп ќе се одигра на 29 ноември.

Натпреварите се играат на 8. и 29. ноември, со исклучок на заостанатиот натпревар од осминафиналето меѓу Шкупи и Вардар кои своите два меча ќе ги играат во истите термини, а победникот ќе се соочи со Шкендија на 17 декември и 21 февруари 2018 година.