Сениорската женска фудбалска екипа на Топ гол во рамките на 5 коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија загуби од екипата на Истатов на гостински терен со конечен резултат 3:2, полувреме (1:2).
Натпреварот се одигра на фудбалското игралиште во Црничани –Дојран, пред околу 30 гледачи.
За екипата на Топ гол настапија : Колевска, Крбалевска, Јанкоска, Петровска, Ристевска, Ѓорѓиоска, Гелевска, Т. Јанкоска, Гоцевска, Миленковска. Уште играа: Нешковска, Митаноска, Николовска, Размовска и Наумоф.
-Големо браво за моите фудбалерки, загубивме несреќно со голот примен во последните моменти од натпреварот. Ние сме млада и многу талентирана екипа и недостатокот на искуство не чинеше пораз на натпреварот. Водевме на полувреме со головите на Јанковска и Петровска, но на крај примивме наивен гол и загубивме. Искуството и самодовербата полека ќе ја градиме во текот на првенството, изјави Кире Грбевски.
Следното 6 коло битолачанки ја пречекуваат екипата на ЖФК Тетово 2017 во Битола.