По проблемите околу (не)исплатата на двете заостанати плати на ракометарите на Пелистер, денес претседателот на Советот на општина Битола, која е стопостотен акционер во клубот, најави дека ќе бидат наскоро решени.
Валентин Груевски рече дека со ребалансот на Буџетот ќе бидат предвидени средства за исплаќање на платите на ракометарите и стручниот штаб на клубот.
-Сакаме јавно да посочиме дека со ребалансот на буџетот кој ќе биде донесен на 13-ти ноември, се предвидени средства за заостанатите плати и за платите до крајот на годината. Сакаме да пратиме една порака до нив дека ќе биде се во ред, нека имаат трпение и дека состојбата со РК Пелистер ќе се среди, нагласи Груевски.