Press "Enter" to skip to content

Ин мемориам: Почина Живко Радевски

Во Битола на 75 годишна возраст по долго боледување почина Живко Радевски, поранешен директор на битолската млекарница.

Радевски во сеќавањето на битолчани ќе остана како еден од најзаслужните за формирањето и подемот на битолската млекарница, кога тој со неговиот тим успеа Млекарата да ја направи една од најдобрите фабрики за преработка на млеко и изработка на млечни производи на Балканот.

По продавањето на млекарницата на странски партнер, Живко Радевски ја основа семејна млекарница, компанијата “З. Радевски“, а неговите нови млечни производи го носат името “Витапела“.

Радевски е носител на голем број на општински и државни награди, со кои беше потврдено неговото успешно работење, во индустријата и во општествениот живот.

Опелото и погребот ќе се одржат утре.

More from ВестиMore posts in Вести »